Лекарите во Шри Ланка го отстранија најголемиот камен во бубрегот во светот со што го соборија Гинисовиот рекорд
Воени лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот камен во бубрегот на светот за време на операција на пензиониран војник, со што го собориле Гинисовиот рекорд. Каменот бил долг 13.372 сантиметри и тежок 801 грам. Операцијата е направена на 1 јуни, а веста беше објавена откако беше препознаен новиот рекорд.
Претходниот рекорд за должина на камен во бубрег беше 13 сантиметри и беше пријавен во Индија во 2004 година. Кога станува збор за тежината на бубрежниот камен, претходниот рекорд беше 620 грама и беше пријавен во Пакистан во 2008 година.
„Најважно за нас е бубрегот да функционира нормално и покрај толку голем камен“, рече армискиот хирург К. Сутаршан.
Пациентот за локалните медиуми изјавил дека од 2020 година чувствувал силна болка во стомакот и дека лековите воопшто не му помогнале.
Секој десетти човек во одреден период од животот се среќава со проблемот со камења во бубрезите. Мажите се двојно поподложни од жените.
Камењата во бубрезите обично се јавуваат кај луѓе над 30 години, но не е невозможно да се појават и кај помлади. Секој кој еднаш страдал од камења во бубрезите има поголем ризик од повторување.