Лекарите објаснуваат зошто стануваме помалку толерантни на лактоза како што старееме

Приближно 75 проценти од светската популација станува почувствителна на лактоза со возраста. Но, се чини дека постои сосема логична и не толку неочекувана причина за ова, според експертите.

Пиењето млеко е од суштинско значење на почетокот на животот на секој човек, но како што старееме, консумираме се помалку млеко и млечни производи.

„Како доенчиња, луѓето произведуваат значителни количини на лактоза за варење, која се наоѓа во мајчиното млеко. Историски гледано, по одвикнувањето и воведувањето на цврста храна, луѓето не консумирале храна која содржи лактоза”, објаснува докторот по натуропатска медицина, Лина Гоелц.

Бидејќи луѓето не јаделе толку многу храна што содржи лактоза, нивните тела природно почнале да произведуваат се помалку ензим на лактоза со текот на времето, што значи дека не сме во состојба правилно да ги вариме млечните производи, додава д-р Гоелц.
Овој природен процес се јавува кај повеќето луѓе по детството, објаснува д-р Џејнес Ластер, која истакнува дека гените исто така играат голема улога во нетолеранцијата на лактоза.

„Способноста да се вари лактозата во зрелоста зависи од специфичните генски варијанти наследени од родителите, кои влијаат на нивото на присутна активност на лактоза“, објаснува таа.

Додаде дека способноста на телото да ги разградува млечните производи зависи од личноста. „Додека некои може да се борат да сварат свежо млеко, тие може да најдат олеснување во конзумирањето одредени млечни производи како сирење или јогурт, благодарение на процесот на ферментација кој разградува значителен дел од лактозата“, истакнува д-р Ластер.