Лепа Брена го прекина настапот! Ја прекина музиката и директно му се обрати нему: Како можеш да го очекуваш тоа?! (ВИДЕО)

Пејачката Лепа Брена владее со музичката сцена со децении, а на своите настапи и понатаму ја дава истата енергија како и првиот ден од кариерата.

Брена никогаш не ја криела количината на љубов што ја има за својата работа , но и покрај тој факт, се чини дека сè уште има ситуации кои можат да ја исфрлат од колосек.

Имено, на социјалните мрежи вирално стана видео од еден настап на Брена, каде пејачката беше целосно изненадена од ситуацијата.

Брена возбудено пеела и танцувала, а во еден момент се свртела кон еден обожавател кој инсистирал да нарача песна така што на телефонот го напишал името на песната, а тој потоа го покажал кон пејачката.

– Јас не гледам. Го држиш телефонот два часа, но како очекуваш да видам што ти пишува на телефонот? Десетици од вас го држат телефонот, како го очекувате тоа? Па не правиме желби, честитки и поздрави, правиме, концерт, пееме – му рекла Брена.