Откако во декември на настап во Загреб го скрши скочниот зглоб кога врз неа падна член на техничкиот тим, српските медиуми пишуваат дека Лепа Брена успеала да инкасира 30.000 евра отштета од осигурителната компанија.
Како што пишуваат српските медиуми, 64-годишната пејачка со години плаќала осигурување, а благодарение на тоа ги надоместила трошоците за лекови и операција во приватна клиника во Хрватска.
“Брена многу се грижи за своето здравје, живот и околностите кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека се случуваат повреди на работа и затоа плаќа осигурување со години. Ми се чини дека плаќа премија од 1.000 евра годишно и дека за тешката повреда што и’ се случила неодамна и враќала 30.000 евра со ова ги платила сите потребни трошоци за операција, лекови и рехабилитација“, изјавил изворот за српскиот порталКурир .
Инаку, несреќата се случила на еден од настапите во загрепската Арена, но тоа не ја спречило да го одржи концертот до крај. После тоа ја одвлекле на операција. Ниту повредата ниту патериците не ја спречија да продолжи со настапите по 18 дена.
Потсетуваме, Брена неодамна објави фотографии од егзотичен одмор со семејството. Заедно со сопругот Слободан Бобо Живојиновиќ, пријателката и колешка Ката Томовиќ, синот Виктор и неговата девојка Софија Спасојевиќ отпатуваа за Тајланд.
Судејќи по фотографиите на кои не носи гипс и не користи медицински помагала, може да се каже дека успешно закрепнува за да биде подготвена за нови настапи. Со оглед на тоа што одржа три од првичните пет закажани настапи во Загреб, преостанатите концерти ќе ги одржи во главниот град на Хрватска на 21 и 22 март годинава.