Лепа Брена позираше во ,,мечка” од 160.000 евра а овој детаљ на сите им го привлече вниманието (фото)

Регионална ѕвезда Лепа Брена пристигна да ја снима новогодишната програма на Радио-телевизија на Србија во лежерно, но многу моќно издание. 

Дојде со џип Мерцедес GLS 600 чија цена е околу 160.000 евра, а откако излезе од автомобилот, сите ги воодушеви со својата комбинација на облека.

Брена носеше црна јакна, крем маичка и тесни фармерки кои јасно покажаа зошто нејзините “долги танцувачки нозе” и денес предизвикуваат воздишки кај мажите, а чантата која ја имала во рака не можела да помине незабележана.

Станува збор за парче кое го има речиси секоја жена што може да си го дозволи – познатата „Биркина“, чанта која чини околу 25.000 евра.