УШТЕ ЕДЕН СЕТ ДО ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Еве кога ќе продолжи натпреварот Ѓоковиќ-Хуркач

Србинот води со 2:0.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделник околу 16 часот ќе го продолжи осминафиналето на Вимблдон со Хуберт Хуркач од Полска.

Мечот беше прекинат во неделата вечерта поради „полициски час“ по два сета, кои Ѓоковиќ ги доби во тај брејкови со 7:6 (6), 7:6 (6).

Организаторите потоа решија да го прекинат дуелот, кој ќе продолжи денеска, како втор состанок на Централниот терен. Програмата во 14 часот и 30 минути ќе ја отворат Казахстанката Јелена Рибакина и Беатриз Хадад Маја од Бразил.

Победникот од дуелот Ѓоковиќ-Хуркач во четврт-финалето ќе игра против Русинот Андреј Рубљев.