По примерот на Нина од Нови Сад, дечиња од Гевгелија продаваа крофни и мафини за да и помогнат на малата Луна

Со срце за Луна! Така малата Марија од Гевгелија ги повика останатите другарчиња заедно да градат мостови на солидарност и хуманост и да и се придружат секоја вечер од 19:00 часот на градскиот плоштад во Гевгелија да купат крофна, мафина или лимонада и собраните средства да и ги подарат на малата Луна која веќе година ипол се бори со сколиоза која е во последен стадиум и која бара итна операција која чини 80.000 евра.

-Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Дел од животната етика.Чувството да спасиш човечки живот е непроценливо.Да се помага, да се прават добри дела во секој потребен момент, да се биде хуман,за спасен живот нема цена.Овие дечиња: Силвија,Марија и Петар хуманоста не ја учеле од книга едноставно ја поседуваат во својот дух од мали нозе.Родители гордејте се на вашите ангелчиња. Среќна сум што ги запознав и ме направија среќна во овие мои тешки денови поминати во солзи. Бескрајно сум ви благодарана од ❤️💙❤️ .

Благодарност и до нашите сограѓани кои одвоиа време и средства да ги вкусат колачите на Силвија во JuMi,крофните на Марија и прекрасните слатки на Петар во кој учествувал и нашиот мал Дамјан на плоштадот и прекрасните кифлички и природната лимонада од пекара Вегера. Денес повторно на слатки и крофни во 19h

Ве сакам златни деца 🥰

P.s Мислам дека оваа вреди да допре до секој новинар и медиуми. И секој кој сака и има желба може да учествува во оваа хумана акција со свои идеи.

Бескрајно сум благодарна на сите а најмногу Луна🙏, објави на фејсбук мајката на Луна.

Да и помогнеме на Луна да ги собере потребните средства и побрзо да оздрави!