Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања

Граничната служба на Летонија денеска побарала помош од армијата и полицијата за да ја чуваат границата со Белорусија по 96 обиди за илегално преминување во рок од 24 часа, соопшти граничната служба.

На припадниците на Граничната служба им е скратен одморот за да можат да се вратат да патролираат по границата, се додава во соопштението.

Летонија има „информации за можно зголемување на хибридните закани“ и дека властите во Белорусија сè повеќе се вклучени во организирањето на протокот на илегални имигранти, додаде  гранична служба.