Ле Пен бесна по пресудата: Упадна низ судот, одбивајќи да ја слушне одлуката на судијата до крај (видео)
Француската екстремна десничарка Марин Ле Пен ја напушти судницата во Париз пред целосно да биде прочитана пресудата против неа.
Судот ја осуди на четири години затвор, од кои две условни и забрана да се кандидира за политички функции.
Ле Пен не остана до крајот на изрекувањето на пресудата, туку набрзина низ судската зграда без да даде никакви изјави за медиумите, потоа влегла во автомобил и го напуштила местото на настанот.
Со пресудата и’ е изречена и парична казна од 100.000 евра. Речиси е сигурно дека ќе се жали, а затворската казна и паричната казна нема да се применуваат додека не се исцрпат сите законски можности.
Претседателката на судот Бенедикт де Пертуис рече дека постапките на Марин Ле Пен претставуваат „сериозен и траен удар врз правилата на демократскиот живот во Европа, а особено во Франција“.
Ле Пен и нејзините соработници, вклучително и осум европратеници од нејзината партија Национален митинг (РН) и 12 помошници, беа прогласени за виновни за проневера на средства на Европскиот парламент. Тие беа обвинети дека користеле пари од буџетот на ЕУ за да платат персонал кој всушност работел за нејзината политичка партија во Франција.
Француското обвинителство претходно побара затворска казна од пет години, од кои две условни, парична казна од 300.000 евра и забрана за кандидатура во траење од пет години, барајќи забраната да остане во сила дури и во случај на жалба.
Одлуката на судот предизвика политички реакции низ Европа. Унгарскиот премиер Виктор Орбан веднаш ја изрази својата поддршка за Ле Пен по пресудата, објавувајќи на мрежата Х: „Je suis Marine!“
Оваа пресуда може значително да влијае на политичкиот пејзаж на Франција, бидејќи анкетите претходно покажаа дека Ле Пен има големи шанси да го наследи Емануел Макрон на функцијата претседател во 2027 година.
Под нејзино водство, Националниот митинг се обиде да ја ублажи својата екстремно десничарска репутација, но оваа пресуда дополнително го разниша нејзиниот политички кредибилитет.