Јувентус успеа да го корегира киксот од првиот натпревар и со победа од 0-3, благодарение на хет-трикот на Ди Марија, на гостувањето против Нант се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа.
Тимот од Торино славеше во Нант со 0-2 со головите на аргентинскиот репрезентативец Ди Марија најпрво со спектакуларен гол во 5. минута, а потоа и во 20. минута од средбата од пенал. Во второто полувреме во 78. минута Ди Марија со третиот свој гол заокружи хет-трик. Сето тоа повеќе од доволно за пласман понатаму.