ЛИДЕРОТ НА ВАГНЕР ЗАПОЧНУВА НОВ БИЗНИС: Се појавија нови информации, Пригожин основал компанија во Белорусија, се знае и која е ОСНОВНАТА ДЕЈНОСТ

Евгениј Пригожин , сопственик на приватната воена компанија Вагнер, основаше нова компанија во Белорусија.

На 19 јули, Пригожин наводно го регистрирал друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ во Белорусија, а официјалната информација е објавена во Единствениот државен регистар на правни лица и физички лица на Министерството за правда на Белорусија, пренесува Интерфакс.

Седиштето на компанијата е селото Цел во областа Осиповичи, каде што има теренски камп наменет за сместување на членовите на Вагнер кои претходните денови беа префрлени во Белорусија.

Основната дејност на компанијата е „управување со недвижен имот“ , додека според регистарот, сопственик (основач) на компанијата е друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ (РФ), чиј сопственик е Евгениј Викторович Пригожин.

Евгениј Пригожин, да потсетиме, започна вооружен бунт ноќта на 24 јуни, обвинувајќи ги силите на Министерството за одбрана за ракетен напад врз кампот ПМЦ Вагнер во Украина. Тој го зазеде седиштето на Јужниот воен округ во Ростов и најави „марш на правдата“ кон Москва. Меѓутоа, вечерта на 24 јуни, кога колоните на Вагнер беа на 200 километри од главниот град, тој ги сврте и ги врати назад во логорите.

Лидерот на Белорусија Александар Лукашенко ненадејно се појави на сцената и објави дека е постигнат договор со Пригожин за прекин на кампањата против Москва и повлекување со своите единици во Белорусија.