Лидерот на Хезболах му се заканува на Израел: Само неколку прецизни ракети и ќе ве вратиме во камена доба! (ФОТО)
Лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насрала, изјави дека проиранската организација би можела да го врати Израел во камено доба, одговарајќи на слична закана од израелскиот министер за одбрана.
– Денеска би ве вратиле во каменото доба доколку се вклучите во војна против Либан – се закани синоќа Насрала во телевизиско обраќање.
Минатата недела, за време на обиколката на границата со Либан, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант се закани дека Израел ќе го врати Либан во камено доба доколку Хезболах го испровоцира.
Насрала процени дека ќе бидат потребни „само неколку ракети со висока прецизност“ за да се уништи списокот на цели, вклучително, како што рече, „цивилните и воените аеродроми, воздушните бази, електраните, комуникациските центри и (нуклеарната) централа Димона“.
Тој, исто така, предупреди дека во случај конфликтот да се прошири на „фронтот на отпорот“, односно на другите позиции, особено на палестинските, кои се поддржани од Иран и кои се непријатели на Израел, „нема да остане ништо од т.н. наречен Израел“.
Водачот на шиитскиотнХезболах зборуваше на 17-годишнината од крајот на последната војна против Израел во 2006 година; Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во војната на либанска страна, главно цивили, а 160 на израелска страна, главно војници.
Хезболах е единствената организација која го задржа своето оружје од крајот на граѓанската војна во Либан, водена од 1975 до 1990 година, во име на „отпорот“ против Израел.
Упориштето на Хезболах, граничната област со Израел во јужен Либан, е место на спорадични инциденти меѓу двете земји, кои формално се во војна.