Лидерот на Хутите го навреди Бајден на телевизија: Жестоко ги осуди САД и Израел, а потоа упати страшна закана (ВИДЕО)

Лидерот на јеменските Хути, Сајед Абдул-Малик ал-Хути го исмејуваше американскиот претседател Џо Бајден за време на неговото телевизиско обраќање.

Ал Хути рече дека Бајден е „стар човек“ кој има проблеми да се качува по скалите на авион, но сепак патува 9.000 километри за да ги нападне Хутите кои сакаа да застанат со „угнетениот народ“ во Газа.

Тој додаде дека Израел не успеал да постигне ниту една од своите цели во Појасот Газа и покрај тоа продолжува со масовните убиства на палестинскиот народ.

– Непријателот на Израел не успеа да ги постигне своите цели, но продолжува со своите злосторства. Во текот на изминатите 104 дена, тие извршија повеќе од 2.000 масакри и геноциди врз палестинскиот народ – рече Ал Хути во телевизиско обраќање.

Тој нагласи дека израелската војна против Газа е злосторство иако САД и Велика Британија одбиваат да ја признаат. Лидерот на Хутите ги критикуваше меѓународните организации дека само гледаат што се случува во Газа без да преземат никакви конкретни мерки за да го запрат.

БРОДОВИ СЕ УШТЕ НА МЕТА

Тој предупреди дека американските и британските бродови, заедно со сите бродови поврзани со Израел, ќе продолжат да бидат цел на јеменските вооружени сили во Црвеното Море. Конечно, тој ги нападна САД велејќи дека имаат темна историја на злосторства против различни народи ширум светот.

– Ако Американците веруваат дека имаат право да дојдат од повеќе од 9.000 километри оддалеченост во нашиот регион, тогаш како ние немаме право да застанеме покрај палестинскиот народ кога тој е дел од нас – наведува Ал Хути.