Лидерот на Џихадистите ги покани Сиријците на улица да го прослават падот на Асад: Во тек е општа прослава, се веат знамиња, десетици илјади луѓе се на плоштадите! (ВИДЕО)
Десетици илјади луѓе се собраа денеска на плоштадите во сириските градови за да
го прослават падот
на Башар ал Асад, кој беше соборен во молскавична офанзива од сириските бунтовници и џихадисти.
Офанзивата траеше помалку од 10 дена, а во неа бунтовничките и исламистичките сили ја освоија територијата од северната провинција Идлиб, преку големите градови Алепо, Хама и Хомс, сè до главниот град Дамаск.
Самиот Башар побегнал со помош на руски агенти кога бунтовниците влегле во Дамаск и сега е во Москва.
Водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС),
Абу Мохамед ал Џолани (Ахмед ал-Шара) ги повика Сиријците да излезат на улиците за да ја прослават
„победата на револуцијата“, според новинската агенција АФП.