ЛИДИЈА ВУКИЌЕВИЌ ГО ИСКЛУЧИ ФИЛТЕРОТ! Покажа како навистина изгледа – актерката не се откажува од РАЗГОЛЕНИТЕ ИЗДАНИЈА

Познатата актерка Лидија Вукиќевиќ (61) не крие дека нејзиниот изглед многу и помогнал во животот.

Често се шпекулира дали отишла под нож поради својот изглед, а таа истакнува дека само едно исправила кај пластичниот хирург.

Единствено што направив на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја промовира работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не направив, ниту операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се дотерувам од својата 18-та година. Мајка ми беше строга и загрижена за изгледот на мене и на сестра ми, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај тоа, генетиката, имам благодарна кожа на мајка ми. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво, а сето тоа резултира со ваков изглед – откри во една прилика Лидија и додаде дека освен горенаведената корекција, се друго е природно.

  • Не ја исправам косата, таа е природно виткана. Не ги кубам веѓите, како што гледате. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Мои се и забите. Никогаш не сакав да носам протези и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на стоматолог на секои два месеци и користам црна паста за да ја задржам белината на забите – изјавила потоа актерката.

Сега таа покажа како изгледа без филтер, па на нејзиниот Инстаграм профил се појави неуредена фотографија.

Евидентно е дека Лидија изгледа одлично на почетокот на седмата деценија од животот, додека нон-стоп добива комплименти за својата линија, а често го привлекува вниманието со разголени фотографии.