Општина Куманово соопшти дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец „Лидл“ за изградба на логистички центар.
Постапката за отуѓување на градежно земјиште е спроведена по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре.
На јавното наддавање по пат на електронска аукција биле пријавени три компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена била компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015,00 денари (~5,3 мил. Еур).
По завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата, информираа од Општина Куманово.