Македонската водителка Лила Филиповска го имаше своето прво јавно појавување по емотивната исповед за нејзината борба со најтешката болест – ракот.
Имено, таа вчера присуствуваше на отворањето на годинашното 11. издание на Саемот на венчавки во хотелот Александар Палас.
„Што и да се случува, јас секогаш сјајам. Овој пат на Саемот на венчавки“, напиша Лила на Инстаграм.
Нејзина придружба ѝ беше телевизискиот водител Спасе Јовановски, кој ѝ еден од најблиските пријатели.
„И како што реков, од денес го славиме само животот!“, напиша тој на Инстаграм.
Како потсетување, Лила Филиповска даде ексклузивно интервју за списанието „Убавина и здравје“, во кое отворено проговори за еден од најтешките периоди во животот.
„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив! Јас сум доказ!“, напиша водителката на Инстаграм, споделувајќи ја насловната на магазинот „Убавина и здравје“.