Лима ја критикуваа поради ботоксот и тежината, а таа ја објави најхрабрата фотографија досега: Еве како навистина изгледа (фото)

Како што претходно се пишуваше за нејзината манекенска кариера, така и сега интензивно се пишува колку се променила по третата бременост. Адријана Лима го роди синот Сајан минатиот август, а самата изјави дека тоа влијаело на нејзиниот изглед, а нејзините слики со месеци предизвикуваат секакви коментари – како на пример оние дека претерала со третманите со ботокс, поради што не личи на себе.

И додека не престануваат ваквите реакции, таа објавува ваква слика на Инстаграм.

Можеби некој поради таквите критики го крие своето вистинско лице, но Адријана Лима не го прави тоа. Манекенката која важи за икона за убавина, позираше без трошка шминка и како таква се претстави на Инстаграм.

Таа потоа сподели фотографија од нејзиното најлежерно модно издание, ништо во што ретко сме можеле да ја видиме.

Лима не се колеба да ја открие другата страна на нејзината убавина, која всушност не е ништо помалку гламурозна од онаа со шминка и скапи фустани.