Лионел Меси ги одби, па се свртеа кон друга ѕвезда: Откриено какво богатство му понудиле Саудијците на Нејмар – ова е неверојатно!
Бразилската ѕвезда Нејмар би можел да биде следната ѕвезда што ќе ја напушти Европа во потрага по милиони од Саудиска Арабија.
По неуспешниот обид со Лионел Меси, Ал Хилал ќе се обиде да го донесе Нејмар во своите редови, пренесува бразилски CBS Sports. Според информациите, раководството на клубот од петокот е во Париз и разговара со претставниците на фудбалерот, додека се уште не започнале преговори со ПСЖ.
Се очекува ПСЖ да бара околу 45 милиони евра за трансферот на Бразилецот, а Саудијците наводно се подготвени да му понудат околу 200 милиони евра годишна плата.
Нејмар веќе не е омилен ниту меѓу навивачите, а за негово заминување се зборува веќе подолго време. Досега најмногу се споменуваа клубови од Премиер лигата, а најконкретни беа Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Бразилецот во изминатите шест години одигра 173 натпревари во дресот на ПСЖ и постигна 118 голови и 77 асистенции. Тој во Париз пристигна во 2017 година од Барселона за неверојатни 222 милиони евра.