‘Кралот на земјата’ меѓу првите му се поклони на Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал со моќна порака до Србинот: “Она што го постигна беше незамисливо пред неколку години!“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на тенисот освојувајќи ја рекордната 23. Грен слем титула победувајќи го Норвежанецот Каспер Руд со 7:6(1), 6:3, 7:5. Со тоа го престигна Шпанецот Рафаел Надал кој остана на 22 освоени титули.

Шпанецот не губеше време и многу брзо се огласи на својот профил на социјалната мрежа Твитер каде му честиташе на српскиот тенисер.

Многу честитки за овој неверојатен успех. Број 23 беше оној за кој беше невозможно ниту да се размислува пред неколку години, а вие успеавте да го направите тоа! Уживајте со семејството и тимот“, порача Рафаел Надал на својот профил во пораката.

Пред Ролан Гарос ситуацијата на врвот беше изедначена. Ѓоковиќ и Надал имаа по 22 победи на еден од четирите најголеми турнири, додека сега Србинот е сам на врвот.