ЛИОНЕЛ МЕСИ ЈА ОТКРИВА ПОЗАДИНАТА НА “ВОЈНАТА“ СО РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ – Го понижи пред целиот свет во Катар, а денес ја открива и причината за неговата реакција

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси се присети на конфликтот што го имаше со познатиот полски голгетер Роберт Левандовски.

Лионел Меси призна дека му бил лут на Роберт Левандовски и дека намерно го игнорирал на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска на Светското првенство во Катар.

Аргентина на тој натпревар ја совлада Полска со 2:0, а Лионел Меси и Роберт Левандовски имаа неколку интересни дуели на тој натпревар. Своевремено големо внимание привлече неспортската реакција на Аргентинецот по фаулот кој го направи полскиот напаѓач. Роберт Левандовски неправилно го сопре Лионел Меси и веднаш му подаде рака во знак на извинување, а Аргентинецот го „искулира“ – тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Една година подоцна, во интервју за ESPN, Лионел Меси откри зошто го направил тоа.

Имено, во позадина на конфликтот е изјавата на Лионел Меси за Роберт Левандовски од доделувањето на Златната топка во 2021 година. Една година претходно беше донесена шокантна одлука да не се додели наградата поради вирусот Ковид-19, а општиот впечаток беше дека Роберт Левандовски апсолутно го заслужи тоа. Со Баерн Минехн ја освои Лигата на шампионите, постигна 41 гол во сезоната и забележа седум асистенции.

По освојувањето на Златната топка следната година, Лионел Меси јавно истакна дека сите мислат дека Полјакот ја заслужил за претходната година. Меѓутоа, кога беше доделена наградата „Најдобар“, Лионел Меси не гласаше за Роберт Левандовски.

Полјакот сериозно му замери поради тоа, па изјави дека „би сакал зборовите на Лионел Меси да биле искрени, а не шупливи“.

Тоа не му се допадна на Аргентинецот, па реши да му се „одмазди“ на Мундијалот.

Ми пречеа неговите зборови бидејќи искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут“, вели Лионел Меси и признава дека сакал да го понижи со дриблинг на теренот: „Затоа го игнорирав. Дали намерно го дриблав ? Да. Не требаше да го каже тоа“.

Тој истакна дека подоцна ги решиле несогласувањата и сега се во добри односи.