Литванија ги шокираше Американците, Шпанија елиминирана од Канада

– Кошаркарите на Литванија го приредија најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското првенство, нанесувајќи им го првиот пораз на САД со 110-104.

Литванија во четвртфиналето ќе игра против Србија, која денеска беше поуспешна од Доминиканската република со 112-79.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Италија со триумф над Порторико од 73-57, како и Летонија, која го завери пласманот меѓу осумте најдобри репрезентации со триумф над Бразил од 104-84.

Противник на Италија во четвртфиналето ќе биде САД, додека Летонија во својот прв настап на СП за пласман во полуфиналето ќе игра против Германија, која денеска ја совлада Словенија со 100-71 и остана единствената непоразена репрезентација на кошаркарскиот Мундијал.

Во последниот натпревар од денешната програма, Канада го совлада актуелниот светски првак Шпанија со 88-85 и во четвртфиналето ќе игра против Словенија, додека Шпанците ја завршија одбраната на титулата.

Четвртфиналните натпревари се на програмата во вторник и среда.

СП, четвртфинални двојки: Литванија – Србија, Италија – САД, Летонија – Германија, Канада – Словенија.