Литванците денеска гласаат на претседателските избори по кампањата во која доминираат прашањата за одбраната, бидејќи Вилнус се обидува да ја зајакне својата безбедност во однос на соседна Русија, објавија француските медиуми.
Балтичката република со 2,8 милиони жители, која се граничи со силно милитаризираната руска ексклава Калининград, стравува дека би можела да биде следната жртва на напад доколку Москва ја добие војната во Украина.
-Разбирањето во Литванија за руската закана е едногласно и непобитно, а главните кандидати се согласуваат со тоа, резимира Линас Којала, директор на Центарот за источноевропски студии во Вилнус.
Анкетите му даваат на актуелниот претседател Гитанас Наузеда, 59-годишен поранешен банкар кој се кандидира за втор мандат, удобно водство пред другите седум кандидати, меѓу кои се и премиерката Ингрида Шимоните и истакнатиот адвокат Игнас Вегеле.
Набљудувачите предвидуваат дека Наузеда ќе победи во вториот круг, кој ќе се одржи на 26 мај.
Во првиот круг се очекува Наузеда да освои повеќе од 35 отсто од гласовите, според најновата анкета, која на Вегеле му дава 12 отсто, а на Шимонс 10 отсто од гласовите.
Литванскиот претседател ја води надворешната политика заедно со владата и учествува на самитите на Европската унија и НАТО.