ЛИЦЕ ОД ГОЛЕМА ДОВЕРБА – Поранешниот шеф на Комунистичката партија и еден од најблиските луѓе на Си Џинпинг е избран за нов премиер на Кина

Ли Кианг, кој се смета за еден од најблиските доверливи соработници на претседателот на Кина Си Џинпинг, во саботата беше именуван за нов премиер на државата.

Ли, поранешен прв човек на Шангајската Комунистичка партија, ќе го замени Ли Кечијанг, кој се пензионира по два мандати од пет години.

Си Џинпинг и Ли Кианг

Ли Кианг (63 г.) е близок сојузник на Си и служеше како негов шеф на кабинет помеѓу 2004 и 2007 година, кога Си беше секретар на провинциската партија на провинцијата Жеџијанг во источна Кина.