Лични документи ќе може да се вадат и без закажување

Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Македонија.

-Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата, рече Спасовски.

Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.

Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.