Лога – Лосон: Продолжува поддршката од Обединетото Кралство за членство на Северна Македонија во ЕУ

– Поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното членство во ЕУ ќе продолжи и во наредниот период, беше речено на денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со британскиот амбасадор Метју Лосон.

Како што информира Кабинетот на Лога, на средбата се разговараше за актуелните случувања, уставните измени, Законот за амнестија, новиот Кривичен законик кој треба да биде донесен, реформите во правосудството и претстојните предизвици.