Лозано сними видеозапис во Венеција: Слушнете ја неговата нова песна „Маскенбал“

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ѝ се враќа на музичката сцена со нова песна, која го носи насловот „Маскенбал“.

„Живееме во време-невреме, време во кое секој од нас носи маска за да се заштити од овој лажен свет… Дали е вистинско време да ги извадиме маските и да бидеме навистина среќни? По, сè изгледа време е. Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на нашата музичка ѕвезда“, стоеше во најавата за песната.

Песната, која со нетрпение ја очекуваа неговите обожаватели, е дело на познатиот музички тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.

Инаку, ова музичко парче доби и свој видеозапис, кој Лозано и неговиот тим го снимија во прекрасниот италијански град Венеција. Снимањето на спотот се снимал три дена.

Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески.

За потребите на овој видеозапис, модниот дизајнер Андреј Папаз изработи специјален костим.