Ким Кардашијан бесна на Канје: Нови проблеми меѓу поранешните сопружници, за се е виновна неговата сопруга

Ким Кардашијан го советуваше поранешниот сопруг Канје Вест и неговата партнерка Бјанка Ценсори да бидат поскромни кога поминуваат време со нејзините деца. Ким не сака Бјанка (29) да се појавува во разголена облека и го замоли Канје „да ја облече“, за ова пишува Дејли Мејл.

Канје Вест и Бјанка Ценсори од почетокот на нивната врска ја шокираат јавноста со своите чудни модни избори: Канје најчесто го покрива целото тело, па дури и лицето, додека неговата сопруга излегува речиси гола. Упатените известуваат дека Ким Кардашијан, која е позитивна кон врската на Канје и Бјанка, го предупредила Канје Вест да ја советува неговата нова сопруга Бјанка Ценсори да се „прикрие“ и да се воздржи од носење на нејзините скандалозни облеки пред нивните деца.

Се вели дека 43-годишната Ким е во пријателски односи со Бјанка (29), но наводно не е обожавател на нејзиниот стил и сигурно не сака да се појавува речиси гола пред Норт, Сент, Чикаго и Псалм.