Ѓоковиќ спречен да тренира пред финалето.: Новак е во големи проблеми пред дуелот со Медведев

Новак Ѓоковиќ не можеше да го одработи претходно предвидениот тренинг пред финалето на УС Опен во кое од 22 часот ќе се сретне со Данило Медведев.

Проблемот на Новак настанал поради големата облачност во Њујорк, пишува порталот Нова.

Новак имаше закажан тренинг за 19 часот по локално време, но терените за тренинзи се неупотребливи поради дожд. Само стадионите Артур Еш и Луис Армстронг имаат покрив, но тие се зафатени за финалето во женски двојки и финалето за дамите во инвалидска количка.