Ким Џонг Ун гради луксузно летувалиште: Ќе никне огромен туристички град на западниот брег на земјата, очекува гости од цел свет (ФОТО)

Северна Кореја ги става завршните работи на изградбата на големо луксузно одморалиште на западниот брег на земјата.

Водачот Ким Јонг Ун сака туристичката дестинација во Вонсан да ги прими своите први гости за неколку месеци а одморалиштето ќе биде опремено со водни паркови, хотели, аеродром…

Инспирацијата на Ким, наводно, дошла откако Севернокорејските власти останаленвчудоневидени за време на истражувачко патување во шпанската Коста Бланка во 2017 година. Проектот, со кој Пјонгјанг се обидува да привлече странски пари и да ја зајакне туристичката индустрија во земјата, започна пред три години, но беше запрен на почетокот на пандемијата.

Ким Јонг Ун е виден во 2018 годинаво Вонсан насмеан додека гледа на огромно градилиште на морскиот брег со 150 вили изградени долж полуостровот.

Северна Кореја, Вонсан

Џејмс Финарти, кој организира турнеи до државата, вели дека Вонсан е „малку порелаксиран“; во споредба со главниот град Пјонгјанг.

Мајкл Маден, кој ги знае деталите, вели дека Британските туристи ќе можат да го посетат одморалиштето доколку Лондон не воведе ограничувања и Пјонгјанг продолжи да издава туристички визи. Ќ

– Верувам дека некои севернокорејски туристички агенции ќе пласираат специјализирани тури – вели Маден.

Повеќето земји, сепак, ги советуваат своите граѓани да не патуваат во Северна Кореја.

Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство советува секоја посета што е непотребна да се избегнува. На Американците дури им е забрането да патуваат во Северна Кореја, освен ако не добијат посебна дозвола од Стејт департментот.