Убиство поради храна: Маж ја убил сопругата затоа што го терала да јаде палачинки (фото)

Стивен Шварц од Вашингтон ја избодел сопругата до смрт затоа што не сакал да јаде палачинки  што таа го направила за него, објавија официјални лица во петокот.

Стивен наводно ја избодел сопругата Шерон Хилде Шварц во грбот во неделата во нивниот дом во северозападен Вашингтон, откако таа се обидела да го натера да јаде палачинки за да се здебели, се вели во кривичната пријава.

,,Јас ја убив, Боже. Не се сеќавам, тоа беше толку луда тепачка,”, рече Стивен додека беше приведен.

Пријавениот во полиција изјавил дека при неодамнешниот престој во болница ослабел околу 25 килограми, а сопругата му помагала да ја врати тежината.

Шварц ја опишал својата сопруга како вреден работник, но признал дека го направила тоа затоа што толку многу го сакала што сакала да биде добро.

Шерон наводно му турнала палачинки откако дознала дека не планира да појадува затоа што изел четвртина крофна претходниот ден.

Палачинки

Набрзо почнала расправија.

„Следното нешто на кое се сеќавам е чинија која се крши од ѕидот“, рече Стивен.

Потоа грабнал нож и го забодел во грбот на жената.

Соседите слушнале викање од куќата и вознемирени го повикале синот Стефан, кој брзо дошол во куќата на неговите родители.

„Ја избодов, сега ќе се убијам и јас“, му рекол на својот син кој зачудено ја гледал својата крвава мајка.

Кога пристигнала полицијата, Стивен се заканил дека ќе си го пресече стомакот со нож.

Потоа почнал да се сече со сечило, но полицијата брзо го разоружала.

Стивен и неговата сопруга брзо биле пренесени во болница, но за несреќната жена немало спас. Обдукцијата покажала дека сечилото поминало низ нејзиното срце.

Стивен е задржан без кауција.