Лондонски институт: На Западен Балкан има 22.000 затвореници

Над 22.000 луѓе се наоѓаат во затворите во земјите од Западен Балкан покажуваат последните достапни податоци кои ги објавуваат релевантните меѓународни организации.

Во светот пак според Лондонскиот институт за криминолошки истражувања во затвор се 11,5 милиони луѓе. Околу половина милион луѓе добиле доживотни казни.

Најмногу затвореници во светот има во САД. Овие информации се однесуваат на крајот на 2020 или 2021 година и се претпоставувува дека имаат оддредени промени.

Институтот за истражување на политиката за криминал и правда е основан во 2003 година. Дваесет години прави академски засновани истражувања за правни системи, жртви на криминал, дискриминација. Од 2010 година институтот е со седиште во Правниот факултет на Биркбек.

Над 10.000 луѓе зад решетки во Србија

Според податоците на Лондонскиот институт за криминолошки истражувања на 12 октомври 2020 година во Србија имало 10.598 лица во затворите.

Албанија се наоѓа на второто место во регионот. Во оваа држава до 8 август 2021 година во затвор се наоѓале двојно помалку луѓе од Србија, односно 5.042 лица.

Во затворите во Северна Македонија биле евидентирани 2.125 лица. Ова е состојба од 11 август 2020 година. Во Босна и Херцеговина има 1.813 затвореници. Оваа статистика е од постар датум. Лондонскиот институт располага со податоци за Босна и Херцеговина од 31 декември 2019 година.

Речиси истите бројки се однесуваат и на Косово. На 29 јули 2020 година во затворите имало 1.642 лица.

Најмалку затвореници се евидентирани во Црна Гора односно 863. Овој број е евидентиран на 15 септември 2020 година.

Најмногу затвореници во САД

Соединетите Американски држави имаат над 2 милиони затвореници. До такви податоци дошол Лондонскиот институт. Според овие анализи САД со 2.068.800 затвореници се први во светот. Потоа следува Кина со 1.860.690, а Бразил има 811.707 затвореници. Во првите десет се Индија со 478.600, Русија со 471.490, и Тајланд со 309.282 затвореници.