Сообраќајка во Скопје, две лица тешко повредени (фото)

На улицата ,,Борис Трајковски” во Кисела Вода, вечерва се случила сообраќајна несреќа. Според информациите кои кружат по македонските портали, автомобил ,,голф” се судрил со камион.

Полицијата во моментов прави увид, а од вработените во Тинекс разбравме дека слушнале кочење и силен тресок. Тешко се повредени две лица, од кои едниот е полицаец, пишува МКД.мк

И двете возила се доста оштетени, особено автомобилот, имаат скршени стакла, делови од голфот се расфрлени на десетици метри од местото на судирот, соборен е и знак „стоп“. По асфалтот може да се забележат течности од возилата, но и дамки крв на стаклата. На асфалтот уште стојат празни шишиња, колку што разбравме, биле наменети за првично освестување на повредените.

За причините за несреќата ќе бидат дадени дополнително информации од МВР.