Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, нема да се пресели во Лацио, бидејќи сака да биде број еден во својот нов тим, тврди „L’Equipe“.
Триесет и шестгодишниот Французин ги прекина преговорите со римскиот клуб кој веќе се договорил со Тотенхем за негов трансфер.
Поранешниот голман на Франција не е подготвен да се пресели во тим каде што нема да има гаранции за минутажа.
Лорис е во Тотенхем од 2012 година. Неговиот договор со Спарс е до крајот на сезоната 2023/24.