ЛОША ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЛАЖНИ ПРОФИЛИ (БОТОВИ) НА ТВИТЕР – Илон Маск најави дека ќе започне да наплаќа за користење на социјалната мрежа: Сите го чекаат соопштението на компанијата
Илон Маск вели дека ќе почне да им наплаќа на сите кои ја користат социјалната мрежа X (Твитер).
Илон Маск во преносот во живо вели дека компанијата ќе воведе мала месечна претплата за борба против Армијата на ботовите односно лажните профили. Тој не спомна дополнителни детали за таа нова такса, како што е цената, ниту информации дали таа ќе вклучува дополнителни функции.
Инаку, Илон Маск веќе подолго време се жали на големиот број лажни профили на платформата. Со тој аргумент тој дури се обиде да излезе од минатогодишниот договор за купување на таа мрежа.
X веќе нуди премиум претплата, X Blue, која чини осум долари месечно, што на корисниците им дава сино штиклирање, им овозможува да пишуваат подолги објави и да ги уредуваат постоечките, а им дава приоритет на нивната сметка во резултатите од пребарувањето.