Лоши вести за Манчестер Сити – Тешка повреда на Кевин де Брујн! Фудбалерот ќе го пропушти почетокот од новата сезона во Премиер лигата
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, ќе го пропушти почетокот на следната сезона откако ја скина тетивата, објавија денес британските медиуми.
Кевин Де Брујн се повреди во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите против Интер на 10. јуни (1:0).
Белгискиот фудбалер на тој начин ќе го пропушти натпреварот против Арсенал во август во Комјунити Шилд, а со тој натпревар воедно започнува сезоната во англискиот фудбал.
Тој, исто така, се очекува да го пропушти натпреварот од првото коло во Премиер лигата на гостувањето кај Барнли, а клупските доктори се надеваат дека тој би можел да биде во игра за место во тимот за Суперкупот на Европа против Севиља.
Како што објави Daily Mail, добрата вест е што нема да биде потребна операција и Кевин Де Брујн добил совет да се одмори пред да започне со рехабилитација во јули.