ЛОШИ ВЕСТИ ЗА НАПОЛИ – Познато е колку време ќе отсуствува Виктор Осимхен по повредата на десната нога

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, Нигериецот Виктор Осимхен (24 г.) за време на репрезентативен натпревар го повреди десниот бут, а би можел да отсуствува околу еден месец.

Виктор Осимхен беше подложен на дополнителни прегледи кои открија лезија од медијален тип на бицепс на десната бутина“, објави Наполи во соопштението за медиумите.

Напаѓачот започна со рехабилитација во тренинг центарот на клубот“, се додава без дополнителни детали.

Според Corriere delle Sport, Виктор Осимхен би можел да отсуствува еден месец и да пропушти четири првенствени натпревари и два натпревари во Лигата на шампионите.

Најдобриот стрелец од минатата сезона во Серија А се повреди во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија во Портимао, јужна Португалија, кој заврши нерешено 2:2.

Нигериецот оваа сезона постигна шест гола на 10 настапи.

Наполи моментално се наоѓа на петтото место на табелата во италијанското првенство, со седум бода помалку од лидерот Милан.