Ова ќе биде клучниот аргумент на судењето на масовниот убиец од Младеновац: Заврши психијатриското вештачење, еве што се заклучи! (фото)

Како што пишуваат српските медиуми, осомничениот У.Б. за масакрот во селата кај Младеновац и Смедерево бил при здрава свест, покажале бројни вештачења!

– Во досегашниот тек на истрагата како сведоци се сослушани 62 лица, меѓу кои и оштетениот, претставници на семејството и очевидци. Исто така, направени се околу 60 различни вештачења, меѓу кои балистички, ДНК, психијатриски, форензички, физички хемиски и други – додава извор од истрагата и продолжува:

– Петмина повредени лица не се испташани поради нивната здравствена состојба како последица на повредите.

Да потсетиме, осомничениот У.Б.(21) од Дубона кај Младеновац пред точно пет месеци изврши масакр кога во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубона кај Младеновац уби девет млади луѓе, а 13 од нив тешко рани.

Да потсетиме, вечерта на 4 мај, У.Б. започна крвав пир кај споменикот во Мали Орашје, каде младите правеја скара и го славеа Ѓурѓовден. Таму со истрели од калашникови ги уби Немања Стевановиќ (21), Лазар Миловановиќ (20), Петар Митровиќ (30), Марко Митровиќ (18), Никола Милиќ (15) и Александар Миловановиќ (17).

Потоа се упатил кон селото Дубона и во близина на училиштето ги убил Милан Паниќ (21), млад полицаец, неговата сестра Кристина (19) и пријателот Далибор Тодоровиќ (25).

По масакрот, тој се обидел да избега, киднапирал такси во кое имало патничка, а потоа го принудил таксистот да го одвезе до село во близина на Крагуевац, каде што следниот ден бил уапсен во имотот на неговиот вујко.

-Преку детална истрага на Вишото јавно обвинителство Смедерево, покрај У.Б., уапсени се и неговиот татко Р.Б., вујко му Г.Г и неговиот брат Б.Г.