Лудило на тренингот на Баерн: Ѕвездата остана без панталони, Тухел во лутина го скрши корнер знаменцето
Баерн се подготвува за првенствен натпревар против Херта во Бундеслигата.
Пред играчите на Баерн е мечот од 30. коло на германската Бундес лига , гостува Херта Берлин, а ситуацијата na табелата е сè само не баснословна. Борусија Дортмунд им бега два бода, а до крајот на првенството остануваат уште седум кола.
Не е недостижна предност, но Баварците не се навикнати на таква ситуација. Претходните години не мораа да се грижат за шампионската титула, но оваа сезона премногу пати згрешија – осум пати ремизираа, четири загубија, а играта не е на врвот.
Поради ова, нервите стануваат сè потенки, а тоа го покажа и Томас Тухел, кој бесот го исфрли на корнер знаменцето. Тој не беше задоволен од настапот на неговиот тим на тренинзите, неколку пати ги корегираше, а потоа го зеде знаменцето и го преполови.
Но, тоа не беше се, насобраните новинари беа изненадени од Рајан Гравенберх, кој во еден момент го соблече долниот дел од тренерката. Му беше премногу жешко, пишува германски Билд , па му донеле шорцеви.
Германската јавност се забавува со случувањата во баварскиот клуб, а таму нервозата расте…