,,Лудиот” Симеоне ужива со својата 18 години помлада сопруга: Ги покажа своите мускули додека таа го бакнуваше (ФОТО)
На двајцата не им беше грижа што се на јавно место. Тие им се препуштија на страстите, а вештите папараци кои демнат на Ибица сето тоа го снимија.
Диего Симеоне е фатен на плажа како разменува нежности со својата 18 години помлада сопруга. Најплатениот тренер во светот има 53 години, а од 2019 година е во брак со Карл Переира.

Инаку, Симеоне сè уште е во врвна состојба, а неговото тело изгледа совршено!
Покрај неговата сопруга, со него беа и ќерките Франческа и Валентина.
Инаку, Диего и Карла се во брак од пред четири години, а пред тоа тренерот на Атлетико беше вљубен во фаталната Каролина Балдини. Со неа има три сина – Џовани, Џанлука и Џулијано.

Интересно е што сите играат фудбал, а Џулијано дури и дебитираше за првиот тим на Атлетико.