Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку, му се извини на Интер за неговите разговори со Јувентус, објави „La Gazzetta dello Sport“.
Белгискиот репрезентативец преку своите посредници се обидел да дознае дали може да се поправи ситуацијата и да се обноват разговорите за трансфер со миланскиот клуб.
Сепак, „нероаѕурите“ нема да се вратат на оваа опција. Главната причина е што тимот е револтиран од постапките на Лукаку, кој не одговараше на повиците кога се обидоа да стапат во контакт со него.
Претходно со соопштение во врска со евентуалниот трансфер на Лукаку во Јувентус излезе и здружението на навивачи на Интер.
-Оној што изневерил еднаш, ќе се врати повторно да предаде. Не затоа што носи задоволство, туку затоа што таква е неговата природа. Ти, Ромелу, не изневери сите нас, стоеше во дел од соопштението на навивачите на Интер.
Исто така, навивачите на Јувентус изјавија дека се против трансфер на 30-годишен играч.
Лукаку минатата сезона ја помина во Интер на позајмица. Напаѓачот има одиграно 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции.