Лукаревска: Резултатите за претседателските избори се јасни, ќе имаме повторување на претходните

По завршувањето на овие избори, повторно со препорака на ОБСЕ и ОДИХР, ќе седнеме и ќе разговараме за нов Изборен законик. За отворените листи, една ИЕ, 90 пратеници и ќе донесеме нов Изборен законик прифатен од сите политички партии“, рече во емисијата „КликПлус“ потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

За укинувањето на техничката влада, кое беше барање на опозицијата, Лукаревска нагласи дека тоа е доказ за постоењето на демократијата и функционирањето на институциите.

Лукаревска најави дека во вторник СДСМ ќе одржи посебна конвенција за претседателскиот кандидат Пендаровски.

Во однос на резултатите од претседателските избори таа нагласи дека резултатите според проценките и анкетите се извесни, а следува повторување на последните претседателски избори.