Важен ден.
Словенечкиот кошаркар со српско потекло Лука Дончиќ е член на Далас Маверикс, но сега се подготвува да го потпише најважниот договор во својот живот.
Тој ја запроси својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес и тоа го објави на Инстаграм. За 15 часа сликата собра над милион лајкови.
Многумина честитаа, а меѓу првите беа Леброн Џејмс, Бобан Марјановиќ како и сопругата на Никола Јокиќ – Наталија.
Лука и Анамарија се во врска неколку години, а таа му пружа голема поддршка во Далас, па нивната врска одамна покажа во која насока се движи, како и тоа дека се ближи венчавката.