Лука Модриќ ужива во луксузна јахта која чини 160.000 евра неделно: Внатрешноста е вистинска „перверзија“ (Видео)
Знаеше да се опушти додека го чекаше конечниот договор за да остане во Реал.
Лука Модриќ уживаше на хрватското приморје додека преговараше за потпишување на нов договор со Реал Мадрид кој денеска беше официјализиран на уште една година .
По финалето на завршниот турнир од Лигата на нации, во кое претрпе пораз од Шпанија, капитенот на Хрватите ги наполни батериите за следната сезона на дубровничката ривиера уживајќи на луксузна јахта.
Поранешниот добитник на „Златната топка“ претходните денови ги помина крстарејќи по Јадранот со семејството на „Ferretti Custom Line 120 Erolia“, чија изнајмување чини 160.000 на неделно ниво.
Јахтата е долга 38,13 метри, има 5 соби во кои можат да се сместат десетина гости, а за нив се грижи персонал од седум членови на екипажот.
Во спротивно, невозможно е да се купи јахта, туку само да се изнајми.
Како изгледа оваа луксузна јахта можете да погледнете во видеото.