Поп ѕвездата Јелена Карлеуша сака слободното време да го поминува во семејната вила, каде што се одмара.
Навикнати сме Карлеуша секогаш да биде дотерана од глава до пети, па не е ни чудо што е дотерана и во изданието „околу дома“.
Јелена ги сликала влечките на нозете, бренд „Луј Витон“, а на официјалната веб-страница овој луксузен пар може да се најде по цена од 1.700 евра.
Карлеуша подоцна позираше во лифтот на својата куќа, а во таа прилика го откри целиот свој стајлинг. Со влечките искомбинирала црни хеланки и волнено палто во беж боја, додека на главата носела капа.