Лук – природна заштита и превенција од разни болести

Лукот има антибактериски својства и успешно блокира материи во телото кои можат да предизвикаат појава или раст на тумори. Тој е одлична заштита и превенција од разни болести, а Светската здравствена организација нагласува дека секој човек дневно треба да консумира по едно чешне лук или да консумира 300 до 1.000 микрограми лук во прав.

Секојдневната употреба на лук ја зголемува антиоксидантната моќ на човечкиот организам. Богат е со антиоксиданти што можат да помогнат во превенирањето на Алцхајмеровата болест и деменција.

Свежиот лук помага во намалувањето на притисокот и холестеролот, за превенција на срцеви болести и инфаркт. Главната состојка на лукот е алицинот, кој има чyдесни антибактериски, антивирусни, антигабични, антипаразитски и антиоксидантни ефекти.

Јадењето лук може да помогне во детоксикација на телото, односно во исфрлање на тешките метали.