Мандарина – нискокалорично освежително овошје

Мандарините се богати со витамин Ц и калциум, го стимулираат метаболизмот, го чистат телото од токсини и го регулираат варењето.

Мандарините се идеални за ужина, особено ако сакате да изгубите тежина. Една мандарина содржи околу 50 калории што ова овошје го прави совршено за диетите. Тие се и одличен меѓуоброк, бидејќи имаат мало количество на калории, но и масти и холестерол.

Му помагаат на телото да се бори против воспалителните процеси благодарение на витаминот А. Антиоксидантите се борат против воспаленија и акутни болести.

Може да помогнат во заштитата на срцето од ефектите на слободните радикали и воспалението и помагаат за одржување здрав крвен притисок, бидејќи содржат многу калиум.

Мандарините се природно оружје против предвременото стареење и генерално лошата кожа, најмногу поради големото количество витамин Ц.