ЛУЃЕТО НА ВИКТОР ОРБАН ПОВТОРНО ОДАТ ПРОТИВ ЦЕЛО НАТО !? Претседателот на Парламентот на Унгарија се заканува со нова блокада: “Јас навистина не знам дали ја сакаме Шведска во Алијансата“

Не е сигурно дека Унгарија треба да ја одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, кажа претседателот на унгарскиот парламент за локалната телевизија HirTV доцна во неделата, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот.

Процесот на ратификација на Унгарија е закочен во парламентот од јули 2022 година, а официјална Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократското назадување на Унгарија.

Турција и Унгарија сè уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Не ни треба сојузник кој има такво мислење за нас“, вели Ласло Ковер и нагласува: „Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“.

Ласло Ковер наводно мислел на краткиот шведски едукативен филм за студенти кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.

Министерот за надворешни работи на УнгаријаПетер Сијарто, веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни.

Претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган, даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО на Самитот на Алијансата во Вилнус во јули оваа година.

Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина.

Финска доби зелено светло во април, но Шведска е задржана од Турција и Унгарија, а официјална Будимпешта соопшти дека ќе го одобри шведското членство штом Турција го направи тоа.