ФОТО | Објавени наводни фотографии од руската подморница погодена од Украинците: “Се чини дека повеќе нема да оди под вода…“

Објавени се фотографии од подморницата „Ростов на Дон“ која беше оштетена во украинскиот напад врз седиштето на Црноморската флота на руската морнарица во пристаништето Севастопол на полуостровот Крим, пишува Sky News.

Украина ја нападна споменатата подморница со британските ракети Storm Shadow. Според упатени извори, бомбата се одвоила од телото на ракетата пред да се детонира, а фотографиите од оштетената моќна подморница можете да ги погледнете ОВДЕ.

Sky News јавува дека во нападот бил оштетен и еден воен брод.

Русија соопшти дека врз седиштето на Црноморската флота биле истрелани 10 крстосувачки ракети и дека успеале да соборат седум од нив. Во нападот учествувале и три пловила без екипаж, но не стигнале до целта.