“ЛУЃЕТО НИ УМИРААТ..“ – Близок соработник на Кремљ му впери ‘нож во грбот’ на Владимир Путин: “Претседателе, непријателот е посилен од нас! Ни треба општа мобилизација…“
Поранешниот прв човек на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, го повика рускиот претседател Владимир Путин да прогласи општа мобилизација во Русија.
„Мора да имаме на ум дека непријателот е посилен од нас… Затоа ни треба мобилизација“, изјавил Дмитриј Рогозин за радио станица од Москва, пишува Newsweek.
Дмитриј Рогозин беше сменет од местото претседател на Роскосмос од Владимир Путин во јули минатата година, без да ги наведе причините за неговото разрешување во јавноста. Станува збор за позиција што Дмитриј Рогозин ја извршуваше четири години, а се зборуваше дека за време на неговото „на чело“ на руската вселенска агенција, корупцијата владеела на сите нивоа.
По губењето на функцијата, Дмитриј Рогозин кажа дека сега води група воени советници со помпезно име „Цареви вукови“, кои обезбедуваат воено-техничка поддршка на борбените единици на руските сепаратисти од окупираните украински региони Доњецк и Луганск.
„Мобилизацијата што ја имавме минатата есен не е доволна. Ни треба уште една“, нагласил Дмитриј Рогозин во радио емисијата, осврнувајќи се на т.н. „делумна мобилизација“ нарачана од Владимир Путин во септември 2022 година.
„Имаме проблеми со работна сила, нашите борци гинат и рануваат на бојното поле. Ги губиме борбените момци кои треба да ги замениме“, нагласил тој во интервјуто.
Ова не е прв пат да се зборува за потенцијална општа мобилизација во Русија, иако почесто се зборуваше за шпекулации од Украина и од Запад за можни потези на Кремљ, наместо за апели од Русија. Меѓутоа, минатиот месец претставникот на рускиот парламент, Михаил Шеремет, исто така член на партијата на Владимир Путин, Единствена Русија, испрати слична порака до Кремљ. Тој тогаш изјави дека – „нема да биде можно да се победи Украина доколку претседателот не прогласи општа мобилизација“.
Владимир Путин (се уште) не се одлучил на таков потег, можеби затоа што конечно ќе мора да го напушти својот наратив за „специјална воена операција“ во Украина и да признае дека Русија всушност е во војна.
Меѓутоа, во септември минатата година, поради големите загуби на силите кои првично беа испратени во Украина, рускиот претседател беше принуден да прогласи „делумна мобилизација“ при што, со значителни проблеми, беа собрани околу 300.000 војници. Воените аналитичари, пак, посочуваат дека приказната не завршила тука, туку дека во Русија цело време се спроведува прикриена мобилизација за надополнување на силите во Украина.